Волшебно огледало
10 Фев, 2026Децата од групата Ѕвездички на возраст од 3-4 години, од Матичниот објект преку разговор, набљудување и сензорно процесирање се запознаа со деловите на лицето и нивната функција. Преку игра, визуелна перцепција и тактилно истражување, ги модулираа и продлабочија своите сознанија за деловите на лицето и нивната поврзаност со сетилата.
Низ активноста, децата развиваа поим за себе, формираа реална слика за својот лик, и сензорно ја процесираа релацијата делови на лицето – сетила.
Со помош на „Волшебното огледало“, децата беа мотивирани и поттикнувани да откриваат и самостојно да донесуваат заклучоци, кои ги интегрираа во својот индивидуален когнитивен систем.
Подготвил воспитувач: Александра Стојановска
