Во своето 60 годишно постоење, преку примарната грижа за многу генерации, Градинката 🏫 се здоби со значајно место во воспитувањето на децата 👶 од пред училишна возраст. Низ неа минуваа најмладите скопјани кои денес, по многу години, се вклучени во општествениот живот. Најголемо признание и радост за Градинката е укажаната доверба од страна на родителите кои ни ги доверуваат своите деца ❤️. Успешната работа е одраз на педагошката поставеност во севкупната дејност на Градинката. Во неа се се одвива според најсовремените принципи за целосно воспитување на децата.

