Играме – вежбаме
Децата од групата „Пчелички“, на возраст 4 -5 години од Матичниот објект преку подвижна игра „Береме кокичиња“ правеа вежби за клекнување и станување.
Преку демонстрација и објаснување, децата се запознаа со правилата на играта. На подот се поставени апликации од кокичиња, кои децата треба да ги соберат и стават во кошничка, преку клекнување и станување.
Оваа игра овозможува кај децата да се развива моториката на целото тело, рамнотежа на телото како и јакнење на мускулите на нозете.
Подготвил: воспитувач: Емилија Каровска







Поврзани содржини