Црвено лале 12 03 2026

Црвено лале

Децата од групата Ѕвездички на возраст од 3-4 години, од Матичниот објект преку разговор, набљудување и тактилно истражување ги продлабочуваа своите знаења за пролетните цвеќиња, ги именуваа и опишуваа. Потоа, низ игра се реализира активност боење на лале во дадена контура со восочни бои.
Преку оваа активност децата имаа можност да се оспособат да го употребуваат ликовниот материјал на правилен начин, да се развива фокусираното внимание при боење во контура, како и развој на фината моторика на раката и координација око-рака.
Подготвил воспитувач: Александра Стојановска

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе