Наградени деца на Меѓународен ликовен натпревар
1 Јул, 2025На конкурсот објавен за: Меѓународниот фестивал и ликовен натпревар „Биди и ти уметник” (https://igrajsezmano.eu/bodiumetnik/), кој по осуманесетти пат традиционално се организира од страна на Центарот Јанез Левец од Љубљана и Друштвото за култура на инклузијата од Р. Словенија, нашата Установа и оваа година активно се вклучи, испрати бројни ликовни творби од децата од 4-6 годишна возраст.
За најактивните, најкреативните и најуспешните, секако, организаторот подготви Признанија, кои со мало задоцнување стасаа на нашата меил адреса. Повелете погледнете ги.
Честитки за наградените деца и нивните учителки, нека им се множат успеси!
