Нашите мали дечиња, успешни уметници
11 Јул, 2025Со мало задоцнување, но со особена чест ни е да ве известиме за нови успеси, односно дека Надица Граматиковска е меѓу наградените учесници, а Ања Новачкова и Лара Јеремиќ се пофалени на на ликовниот дел на конкурсот „Читањето е супермоќ“, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. Честитки до сите, посакуваме уште многу успеси, нека ви се множат!!!
Главната мисија на кампањата „Читањето е супермоќ“, која издавачката куќа „Арс Ламина“ ја спроведува веќе седма година по ред, е поттикнување на читачките навики кај децата.
Целите на кампањата се: подигнување на јавната свест за значењето на читањето од најмала возраст и во таа смисла вклучување на колку што е можно поголем број релевантни чинители од сите сфери на нашето живеење, негување на Мајчиниот јазик, поттикнување на читањето и унапредување на читачките вештини, понуда на квалитетно поминато време настрана од новите технологии, образовна поддршка преку збогатување на наставната програма и активностите на училишните библиотеки.
