Цвет од моите рачиња
27 Фев, 2026Децата од групата „Цветчиња“ – објект Парк, на возраст од 2-3 години преку ликовна и игровна активност со печатење ги истражуваа можностите на своите раце „Што можат моите рачиња“.
Со разговор, покажување и објаснување, децата се запознаа со активноста и ликовните материјали за работа, потоа децата правеа вежби за раздвижување на прстите и дланките. Активноста продолжи со печатење на дланката на секое дете обоена со боја врз голем бел хамер. Откако сите деца оставија печат на колективниот цртеж, го исековме во форма на цвет.
Оваа активност кај децата овозможи поттикнување на развојот на фината моторика на дланките, поттикнување на интересот кон истражување, запознавање, како и користење на различни ликовни материјали (бои, хартии, печати), поттикнување на децата да се вклучуваат во заеднички активности и поддржување кон развивање на културно-хигиенски навики.
Подготвил Габриела Стојановска
