Вредни раце
26 Фев, 2026Децата од групата „Ѕвездички“ на возраст од 2-3 години, објект Парк, имаа можност преку игра со пластелин во боја да обликуваат и моделираат „Шарено топче“. Активноста започна преку игра со топчиња во разни бои, потоа децата се запознаа со пластелинот, неговите можности за менување на формата, обликот, текстурата и слично.
Преку оваа активност се поттикнува љубопитноста кај детето – пластелинот да го истражува, обликува и разликува по боја, како и да се развива фината моторика.
Подготвил воспитувач Магдалена Петрова
