Одбележан Светскиот ден на уметноста
17 Апр, 2026ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА УМЕТНОСТА
Децата од групата „Зајачиња“, на возраст од 5 – 6 години, од Матичниот објект, на 15.04 кога воедно се одбележува Светскиот ден на уметноста имаа едукативен час реализиран од страна на родител Ивана Васева и нејзината колешка едукатор Бојана Јанева, вработени во Музејот на современа уметност.
Заедно со нив децата се запознаа одблизу со тактилни реплики од две дела од богатата колекција на Музејот на современа уметност – Скопје, од кои првиот пример е од српскиот сликар Јано Књазовиќ, еден од најзначајните претставници на наивното сликарство со наслов: „Носач на бетон“. Вториот пример е реплика на дело од чешкиот графичар, дизајнер и илустратор Војтјех Прејсиг со наслов: „Кула на карпа”.
Гостите-едукатори на децата им одржаа интересна активност во форма на интерактивна презентација на делата, со цел развивање на креативно размислување, љубопитноста кај децата.
Воспитувач: Симона Јаначкоска
