Веселото црвче
17 Фев, 2026Децата од група Бубамари, на возраст од 3-4 години, од објект Јасмин, по утринските вежби за активирање на детската мускулатура, се воведоа во моторичката активност и се поттикнаа активно да се вклучат во подвижната игра „Веселото црвче“. По демонстрација на играта, се поставија спортските реквизити кои служат како помошни средства за реализација на активноста, преку кои децата изведуваа вежби за лазење и провлекување. Со учество во подвижната игра „Веселото црвче“, кај децата се развиваат одделни мускулни групи на телото и се активира мускулатурата на горните и долните екстремитети.
Подготвил воспитувач: Анета Штербинска
