Весели деца
12 Фев, 2026Децата од групата Мечиња, на возраст од 3-4 години од Матичниот објект преку подвижна игра изведоа вежби за скокање од обрач во обрач.
Со вежбите за загревање на мускулната маса се подготвија за изведување на вежбите. Преку демонстрација и вербален метод се запознаа со начинот на кој се изведуваат. Обрачите се поставени на соодветна раздалеченост и децата скокаат од еден обрач во друг обрач. Завршуваме со изведување на вежби за опуштање на мускулната маса и правилно дишење.
Со оваа активност детето се навикнува за воспоставување на рамнотежа при скокање, застанување од движење и доскок со различна положба на рацете.
Подготвил воспитувач: Валентина Буш-Бошњакоска
